Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2015

Хановер остана без тренер

Германскиот фудбалски тренер Михаел Фронцек поднесе оставка од клупата на Хановер, објави овој бундеслигаш.

Фронцек го напушта Хановер по три порази по ред, последниот пораз е од Баерн со 1-0 на домашен терен минатиот викенд.
„Солидарноста и довербата се неопходни во работата ако сакаме да бидеме успешни. Моментално не чувствувам дека имам верба во менаџментот на клубот и затоа си заминувам“, изјави Фронцек.
Фронцек во април дојде во Хановер, а претходно работеше во Сент Паули, Борусија Менхенгладбах, Арминија Билефилд и Алеманија Ахен.
Фудбалерите на Хановер по првиот дел од сезоната во Бундеслигата се наоѓаат на 17-тото место на табелата.

Најнови вести