Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2015

На Хунтелар намалена суспензијата на четири натпревари

Германската фудбалска асоцијација му ја намали суспензијата на Клас-Јан Хунтелар, напаѓачот на Шалке,поради црвениот картон од шест на четири натпревари.

Холанѓанецот првобитно беше казнет со шест натпревари поради тоа што беше исклучен од натпреварот по несовесниот фаул над играчот Мануел Шмидебах во победата од 1-0 против Хановер во саботата.
Шалке поднесе жалба на одлуката.
„Хунтелар ќе мора да пропушти четири натпревари, а суспензијата на преостанатите два е условна до 30-ти јануари 2016 година“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Германија.
Шалке, кој овој месец ќе игра против Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите, се наоѓа на четвртото место во Бундеслигата, по вчерашното реми од 1-1 против Баерн Минхен.
Триесет и едногодишниот Хунтелар, кој играше на 17 од вкупно 18 натпревари оваа сезона, постигна седум голови.

Најнови вести