Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2016

Емболо го скрши глуждот, ќе паузира шест месеци

Швајцарскиот фудбалер Брел Емболо, најскапото засилување во историјата на Шалке, го скрши глуждот и ќе мора да паузира меѓу четири и шест месеци.

Овој 19-годишен напаѓач е повреден во саботниот натпревар со Аугсбург (1-1), кога врз него стартуваше Костантинос Стафилидис и со тоа му ги оштети коската и лигаментите.
„На Брел ќе му дадеме поддршка за да се врати посилен од оваа сериозна повреда, на местото на кое се наоѓаше пред да биде принуден да застане“, изјави Кристијан Хајдел, спортскиот директор на Шалке.
Емболо летоска направи трансфер од Базел за околу 23 милиони евра. Во минатиот натпревар ги постигна своите први два гола за Шлаке во победата од 4-0 над Менхенгладбах.

Најнови вести