Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2015

Хановер го назначи Шаф за нов тренер

Томас Шаф е именуван за нов тренер на Хановер и потпиша договор до јуни 2017-тата година, а на клупата на Хановер ќе го замени Михаел Фронцек.

„Свесен сум за тежината на задачата, но се радувам на новиот предизвик. Верувам дека ќе се избориме за опстанок“, изјави Шаф за интернет страницата на клубот.
Шаф е познат по тоа што скоро цел живот го помина во Вердер, дури 35 години, по што како играч настапуваше само за тимот од Бремен, а потоа ја градеше тренерската кариера од младите категории па сè до првиот тим.
Со Вердер ја освои титулата во Бундеслигата, три национални купа, Лига купот, Суперкупот на Герамнија и стигна до финалето на Купот на УЕФА.
Во својата тренерска кариера го водеше и Ајнтрахт и тоа година дена, кон крајот на мај го напушти кормилото на тимот од Франкфурт.
Шаф го очекува голем предизвик на новото место, со оглед на тоа што клубот се бори за опстанок во Бундеслигата.
Хановер по 17 кола го зазема претпоследното место на табелата со 14 освоени бодови, еден повеќе од последнопласираниот Хофенхајм.

Најнови вести