Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2014

Елија на позајмица во Саутхемптон

Елјеро Елија, фудбалерот на Вердер од Бремен, отиде на шестмесечен заем во англискиот премиерлигашки клуб Саутхемптон.

Во денешното соопштение на Вердер се наведува дека Елија до крајот на сезоната ќе остане во Саутхемптон, а потоа англискиот клуб има можност да го откупи договорот на 27-годишниот Холанѓанец.
Елија во 2012 година од Јувентус направи трансфер во Вердер, кој се наоѓа на 16-тото место на табелата од 18 бундеслигашки клубови. Претходно играше за Ден Хаг, Твенте и Хамбургер.
Саутхемптон по добриот почеток на сезоната и пласманот во самиот врв на табелата, врза четири порази, па по победата против Евертон од 3-0 во минатото коло, се наоѓа на петтото место.

Најнови вести