Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2017

Ван Дијк побара да замине од Саутхемптон

Одбранбениот фудбалер на Саутхемптон Вирџил ван Дијк на управата на клубот ѝ предал барање за трансфер фрустриран од тоа што клубот одбил неколку понуди на други клубови за него.

„Јас сум неверојатно амбициозен и сакам да постигнам што повеќе во кариерата и да го искористам својот потенција во кратката кариера како професионален фудбалер. Сакам повторно да играм во европските купови, да се борам за титули и затоа би сакал Саутхемптон да ги разгледа понудите на големите клубови за мене, ако уште ги има“, напишал Ван Дијк.
Неколку големи клубови беа заинтересирани за холандскиот фудбалер, а тој изјави дека сака да прејде во Ливерпул.
„Разочаран сум од ставот на клубот дека не сум за продажба и што доследно ги одбиваше сите понуди“, додаде Холанѓанецот.
Тој наведе дека со големо жалење го предал барањето за трансфер и додаде дека се надева дека управата на клубот ќе сфати дека најдобро решение е да му дозволи да ја смени средината.
Дваесет и шестгодишниот Вирџил ван Дијк во Саутхемптон дојде во 2015 година од Селтик.

Најнови вести