Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2018

Класен во Вердер, Евертон во минус 12 милиони фунти

Холандскиот офанзивен играч за врска Дејви Класен го напушти Евертон само по една година помината во англискиот клуб и го засили германскиот Вердер од Бремен.

Класен во јуни минатата година дојде во Евертон од Ајакс за 24 милиони фунти, но по очајната сезона, го напушти „Гудисон парк“.
Холандскиот фудбалер со „карамелите“ потпиша петгодишен договор, но во Премиер лигата играше само на седум натпревари, а вкупно на 17 во сите натпреварувања.
Класен во Евертон го доведе менаџерот Роналд Куман, но откако беше сменет и на негово место дојде Сем Алардајс, добиваше малку шанси, а на крајот и го промени клубот.
Класен со Вердер потпиша четиригодишен договор, а од клубот од Бремен за него издвоија двојно помала сума од онаа која Евертон му ја плати на Ајакс пред една година.

Најнови вести