Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2017

Саутхемптон доведе одбранбен фудбалер за 17 милиони евра

Поранешниот одбранбен фудбалер на италијанскиот Лацио Весли Худ е нов фудбалер на премиерлигашот Саутхемптон, пренесоа англиските медиуми.

Саутхемптон за трансферот на Худ платил 15 милиони фунти, а фудбалерот потпишал петгодишен договор.
Дваесет и тригодишниот Холанѓанец претходните две сезони настапуваше за Лацио, каде дојде од АЗ Алкмар.
Потпретседателот на Саутхемптон Лес Рид изјави дека Худ е „еден од најперспективните млади одбранбени фудбалери во Европа“.
Соиграчот на Худ од холандската репрезентација Вирџил ван Дијк неодамна поднесе барање за трансфер, но Саутхемптон соопшти дека тој не е на продажба, но многумина веруваат дека младиот Худ е донесен како негова замена.

 

Најнови вести