Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2017

Пелегрино нов менаџер на Саутхемптон

Аргентинецот Маурисио Пелегрино е именуван за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Саутхемптон.

Пелегрино на клупата на Саутхемптон го замени Клод Пуел, кој беше сменет на крајот на сезоната.
Поранешниот помошник на Рафаел Бенитес во Ливерпул го водеше шпанскиот Алавес, со кого стигна до финалето на Кралскиот куп и до деветтата позиција во повратничката сезона во Ла Лига.
„Мојата филозофија и културата на клубот добро ќе се согласуваат. Сакам да победувам, да бидам успешен и да развијам тимски дух каде што сите ќе даваат сто отсто од можностите и ќе се поддржуваат еден со друг. Возбуден сум во врска што ме чека во иднина“, изјави Пелегрино.
Пелегрино (45) во текот на кариерата ги тренираше уште Валенсија, Естудијантес и Индепендиенте, а беше помошен тренер и во Интер.

Најнови вести