Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2017

Клоп за Ван Дајк: Ќе ни донесе квалитет, цената ја диктира пазарот

Менаџерот на Ливерпул изјави дека е воодушевен од новото засилување на клубот од „Енфилд роуд“, Вирџил ван Дајк.

Холанѓанецот од први јануари официјално ќе стане играч на „црвените“ и најскапиот дефанзивен играч на сите времиња, бидејќи вредноста на неговиот трансфер од Саутхемптон изнесува 75 милиони фунти.
Иако многумина сметаат дека тоа е превисока цена за Ван Дајк, Клоп не го загрижува тоа.
„Ќе ни донесе квалитет, позитивен менталитет, карактер, затоа ни беше интересен и навистина сме среќни што го доведовме. Што се однесува до цените, ние не ги одредуваме, тоа го прави пазарот“, изјави германскиот стручњак.
Ливерпул ќе му биде трет клуб на Островот на холандскиот дефанзивен играч, пред Саутхемтон, тој настапуваше во Селтик. Кариерата ја почна во Гронинген, а за репрезентацијата на Холандија настапи 16 пати.

Најнови вести