Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2017

Остин суспендиран на три натпревари

Чарли Остин, фудбалерот на Саутхемптон, е обвинет за насилничко однесување, тоа обвинение го прифатил, но изјави дека казната е престрога и побара поблага казна.

Фудбалскиот сојуз на Англија вчера го суспендира Чарли Остин, играчот на Саутхемптон, на три натпревари поради насилничко однесување.
Остин во текот на натпреварот со Хадерсфилд во саботата (1-1) со топката го удри во лице противничкиот голман Јонас Лесл.
Тој е обвинет за насилничко однесување, тоа обвинение го прифатил, но изјави дека казната е престрога и побара поблага казна. ФА го отфрли барањето и 28-годишниот фудбалер ќе паузира на три натпревари.
Тој ќе ги пропушти натпреварите против Тотенхем, Манчестер јунајтед и Кристал палас и ако закрепне од повредата на тетивата со која се здоби во завршницата на завчерашниот натпревар, на теренот би можело да се врати на шести јануари, во дуелот од ФА купот против Фулам.

Најнови вести