Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2018

Хадерсфилд го шокира „Стемфорд бриџ“ и избори опстанок, Тотенхем ја завери елитата

Екипата на Челзи речиси се збогува од Лигата на шампионите со ремито од 1-1 против Хадерсфилд на „Стемфорд бриџ“, со што гостите воедно обезбедија опстанок.

Хадерсфилд има 37 бода на едно коло пред крајот, односно четири повеќе од Свонси, кој е прв под линијата.
Од друга страна, „сините“ сега имаат 70 бода, два помалку од четвртопласираниот Ливерпул, кому во последната рунда му е доволен и бод за да го осигури местото во елитата и наредната година, бидејќи има и драстично подобра разлика во голови од тимот на Антонио Конте.
Во првото полувреме немаше погодоци, големото прослава на гостите ја најави Лорен Депорт со погодокот во 50-тата минута, а Челзи од пораз го спаси Маркос Алонсо само седум минути подоцна.
Тотенхем обезбеди место меѓу најдобрите екипи на Европа во наредната сезона со минималниот триумф над Њукалс пред своите навивачи, со погодокот на Хари Кејн во 50-тата минута – 1-0 (0-0).
Тоа беше 35-ти погодок на капитенот на „петлите“ во оваа сезона, а 29-ти во националниот шампионат.
Манчестер сити продолжи со прославата на титулата срушувајќи уште два рекорда на најквалитетната лига на светот победувајќи го Брајтон на „Етихад“ – 3-1 (2-1).
Стрелци за Сити беа Данило во 16-тата, Бернардо Силва во 34-тата и Фернандињо во 72-рата минута, додека единствениот гол за гостите беше дело на Леонардо Улоа. Момчињата на Хосеп Гвардиола ги надминаа достигнувањата на Челзи според бројот на постигнати голови во сезона (95), како и според бројот на освоени бодови (103).
Во единствената заостаната средба од 35-тото коло, Арсенал беше поразен на гостувањето кај Лестер, а натпреварот го обележа директниот црвен картон на Константинос Мавропанос уште во 15-тата минута.
Нападот на домаќинот претходно поведе со Келечи Ихеаначо, но Пјер-Емерик Обамејанг, не многу долго по почетокот на продолжението, им донесе изедначување на гостите.
Поразот на „топчиите“ го најави Џејми Варди од пенал во 76-тата, пред Ријад Марез да го постави конечниот резултат во 90-тата минута.

 

Најнови вести