Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2018

Конголо ја засили одбраната на Хадерсфилд

Теренс Конголо, дефанзивниот играч на Монако, кариерата ќе ја продолжи во англискиот Хадерсфилд, каде што ќе игра на заем до крајот на сезоната.

„Теренс е врвен играч, кого го следевме уште во времето додека беше во Феенорд. Среќни сме што го доведовме на заем, засега“, изјави Давид Вагнер, менаџерот на Хадерсфилд.
Конголо, кој најдобро се снаоѓа на заем како лев стопер и бек, минатото лето од Феенорд направи трансфер во Монако за 15 милиони евра. Но, во Кнежевството не се снајде најдобро, па во текот на есента одигра само шест натпревари.
Тој на Вагнер ќе му биде на располагање за натпреварот од ФА купот против Болтон во сабота.

Најнови вести