Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2018

Монако три седмици без Фалкао, ќе го замени Јоветиќ

Радамел Фалкао Гарсија ќе отсуствува три седмици од теренот поради повреда на бутниот мускул на левата нога, соопшти клубот.

Колумбискиот напаѓач се повреди на натпреварот против Лион, кој неговиот тим го доби со 3-2.
Фалкао теренот го напушти во второто полувреме, откако претходно го постигна неговиот 17-ти гол во францускиот шампионат од почетокот на сезоната, вкупно 23-ти.
Во отсуство на Фалкао и Кеита Балде, кој против Лион заработи црвен картон, нападот на Монако во претстојниот натпревар против Анже веројатно ќе го предводи Стеван Јоветиќ.
Монако моментно е трет на табелата на француската Лига 1 со 50 освоени бода, односно има бод помалку од второпласираниот Марсеј, а 12 од ПСЖ.

Најнови вести