Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Интер донесе нов напаѓач

„Нераѕурите“ го договорија голгетерот на Монако

Италијанскиот калчолигаш Интер успеа да доведе нов играч во пресрет на сезоната која што треба да започне. „Нераѕурите“ се договорија со напаѓачот на Монако, Кеита Балде. 
Офанизивецот дури не беше во составот на Монако за мечот против Нант, за да може да отпатува во Милано и да ги помине лекарските прегледи. Сенегалскиот репрезентативец ќе игра во Интер како позајмен играч за сум аод 5 милиони евра. Двата тима се сложиле дека доколку Интер посака, на крајот од сезоната ќе може да го откупи договорот на Кеита, но тогаш ќе мора да доплати уште 34 милиони евра. Ако тој договор биде постигнат, Кеита ќе потпише петгодишна верност со тимот од „Џузепе Меаца“. 
Интер се надева дека во новата сезона во Серија А ќе успее да биде конкурентен со Јувентус, Рома и Наполи, па дури и да се бори за скудетото. 

 

Најнови вести