Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2018

Монако подготвува понуда за Сари

Како што стојат работите, Наполи нема да го продолжи договорот со неговиот тренер Маурицио Сари.

Наполи веќе не е прв на табелата на Серија А и тешко дека нешто може да се промени до крајот на сезоната, со оглед на тоа дека Јувентус сега целата енергија ќе ја насочи кон освојување на домашниот шампионат бидејќи по убедливиот пораз во четврт-финалето од Реал, има само теоретски шанси во Лигата на шампионите.
Сари неодамна веќе добил понуда од еден клуб од Турција, а сега конкретно се споменува и Монако. Клубот од Кнежевството налето најверојатно ќе остане без тренер бидејќи Леонардо Жардим тренерската кариера веројатно ќе ја продолжи во Англија, па челниците на клубот почнаа да бараат адекватна замена.
Сари во договорот има откупна клаузула од осум милиони евра, но тоа за клубот кој е во сопственост на рускиот олигарх не би требало да претставува проблем.
Италијанскиот стручњак сега заработува три милиони евра по сезона во Наполи, а Монако е подготвен да му понуди двојно повеќе.
Како што стојат работите, се чека Жардим да замине, па да може преговорите да се финализираат.

Најнови вести