Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2018

Ливерпул се договорил со Лемар?

Како што објави денес „Јаху спорт“, Ливерпул постигнал начелен договор со Томас Лемар.

Арсенал и Ливерпул претходното лето се обидоа да го ангажираат дваесет и двегодишниот играч, но Монако ги одби сите понуди. И во текот на зимскиот преоден рок приказната за Лемар е актуелна и за Арсенал и за Ливерпул, а ако се верува на „Јаху спорт“, Ливерпул успеал да постигне договор околу доведувањето на младиот играч на „Енфилд роуд“.
Се проценува дека за неговиот потпис се потребни околу сто милиони евра, но и дека таа цена би можела да биде повисока доколку игра добро на Светското првенство претстојното лето.
Лемар доживеа повреда на рамото, а пред тоа на 23 натпревари постигна три гола и пет асистенции, а претходно овој месец Леонардо Жардим изјави дека Лемар секако ќе остане во Мексико до крајот на сезоната.
„Монако нема навика во текот на зимата да прави некои големи продажби. Играчите го знаат тоа и го разбираат“, изјави Жардим.
Доколку е точно дека договорот е постигнат, тоа би можело да значи дека на „Енфилд роуд“ налето уште на почетокот на преодниот рок ќе дојдат Лемар и Кеита, со кого веќе е склучен договорот.

Најнови вести