Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.6.2018

Атлетико се договорил за трансфер на Лемар

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид се договорил начелно со францускиот фудбалер Томас Лемар.

Лемар игра на позицијата крило, а претходната сезона настапуваше за клубот од француското Кнежевство Монако.
Тој моментно се подготвува за Светското првенство во Русија, каде што ќе ги брани боите на својата земнја, а во Монако дојде пред три сезони од Каен.
„Во текот на наредните дена клубовите ќе имаат тесна соработка за да го заклучат овој трансфер“, изјавија од клубот од Мадрид.
Лемар на 123 настапи за Монако постигна 22 гола и во сезоната 2016/17 му помогна да ја освои шампионската титула на Франција, како и полуфиналето на Лигата на шампионите.

Најнови вести