Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Валенсија и Атлетико се навикнаа на реми на „Месталја“

Валенсија и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 1-1 во дербито од првото коло во шпанската Ла Лига

На преполната „Месталја“, Атлетико Мадрид доминираше во првото полувреме и со голот на Кореа во 26-тата минута поведе со 1-0.
Во продолжението, домаќините, играчите на Валенсија, носени од бучната публика успеаја да израмнат на 1-1. Родриго мајсторски го измами Годин во 56.-татаминута и рутински погоди за 1-1. Валенсија притисна, имаше подобри шанси и за победа, но на крајот двете екипи освоија по еден премиерен бод на стартот од новото издание на шпанското првенство.
И лани на „Месталја“ Валенсија и Атлетико ремизираа, но тогаш во меч без голови.

 

Најнови вести