Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Збогум за Гамеиро и добредојде во Атлетико Мадрид за Калиниќ и Аријас

Кевин Гамеиро ги напушти редовите на Атлетико Мадрид и ќе игра за Валенсија, а добредојде со официјално претставување денеска на Никола Калиниќ и на Сантијаго Аријас им посакаа популарните „јорганџии“

Гамеиро не доби вистинска шанса во Атлетико Мадрид и за отштета од 16 милиони евра се пресели во редовите на Валенсија. Денеска кај популарните „јорганџии“ официјално беа претставени двете нови засилувања, Никола Калиниќ и Себастијан Аријас. Хрватскиот напаѓач пристигна од Милано во Мадрид за сума од 15 милиони евра и ќе им биде сериозна конкуренција на Гризман и на Коста во нападот. И ќе се обиде да ја заборави лошата епизода во Милан и да потсети на блескавите игри во дресот на Фиорентина.
Со него претставен беше и Колумбиецот Сантијаго Аријас, кој ќе треба да ја засили дефанзивата на Атлетико Мадрид. Аријас доаѓа од ПСВ Ајндховен, а за него клубот од Мадрид плати 12 милиони евра.

 

Најнови вести