Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Манчестер јунајтед искористен како „спотер“, не доби стопер

Интересни детали од последните моменти во преодниот рок во Англија, открија британските медиуми, а според се победник на денот, вчера, кога заврши трансфер пазарот е Диего Годин и неговиот менаџер. Во целата приказна извиси Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо воопшто не е задоволен од летниот пазар, дури се шпекулира дека бил подготвен да си замине од „Олд Трафорд“, а приказната за Диего Годин, што ја откриваат британските медиуми, покажува дека „црвените ѓаволи“ дури беа искористени како „спотер“. За Уругваецот и неговиот менаџер да успеат да обебзедат подобар договор во Атлетико Мадрид. 
Менаџерот на Годин, знаејќи дека Манчестер јунајтед и Мурињо се во цајтнот, во последните моментни од преодниот рок во Англија се јавил за да го понуди Годин. Најтрофејниот клуб во Англија прифатил да го ангажира 32-годишниот играч на Атлетико, со цел да се пополни дупката на позицијата стопер, но трансферот бил далеку. Менаџерот на Годин со прифатената понуда од Манчестер јунајтед успеал да ги убеди челниците на Атлетико да му понудат подобар договор на својот клиент. Трикот успеал, а Годин сега ќе заработува околу 7 милиони евра годишно. Манчестер јунајтед и Мурињо останаа без стопер и искористени како подлога за подобар договор на Годин во Атлетико Мадрид.

 

Најнови вести