Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Лопетеги со најлошо тренерско деби на Реал во последните 70 години

Многумина сега се прашуваат што им требаше да го налутат Зидан и Французинот да си замине

Хулен Лопетеги имаше неславно деби на клупата на Реал Мадрид во еден официјален меч. Стратегот кој летово седна на клупата на гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар не успеа да се закити и со трофеј. Неговиот Реал Мадрид загуби со 4-2 од Атлетико, во Суперкупот на Европа. 
Покрај поразот, Лопетеги влезе во историјата на Реал Мадрид како прв тренер кој во дебито на официјален меч дозволил неговиот тим да прими четири погодоци. Тоа на Кралскиот клуб му се немаше случено уште од назначувањето на Михаел Кипинг за тренер во далечната 1948 година, кога Реал прими четири гола во дуелот со Селта Виго. 
Лопетеги, кој до пред два месеци беше селектор на шпанската репрезентација, дојде на клупата на Реал како замена за Зинедин Зидан. За разлика од Зидан, кој не загуби ниту едно финале како предводник на гигантот од Мадрид, Лопетеги имаше неславен старт на неговата кариера во најтрофејниот шпански клуб. 

 

Најнови вести