Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Калиниќ не играше ниту секунда, сепак се пофали со својот прв трофеј во кариерата

Хрватот дури на 31 години го освои првиот трофеј во кариерата, без да придонесе за тимот

Никола Калиниќ од пред само неколку дена е член на Атлетико Мадрид, а хрватскиот интернационалец веќе се закити со одличје. И не само тоа, трофејот од Суперкупот е прв трофеј воошто во неговата кариера, па Калиниќ не ја пропушти шансата да се пофали со него на социјалните мрежи.

Напаѓачот објави фотографија како цврсто го држи пехарот, иако тој воопшто не придонесе за „јорганџиите“ да стигнат до овој трофеј. Калиниќ цел наптревар го проследи од клупата, Симеоне имаше други планови земајќи го предвид текот на вчерашниот меч меѓу Реал и Атлетико.

Калиниќ во кариерата има играно за Хајдук, Пула, Шибеник, Блекбурн, Дњипро, Фиорентина и Милан, па не е ни чудо што неговиот кабинет наменет за трофеи беше празен сѐ до вчера.

 

Најнови вести