Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Василев е виновен што Мбапе не е член на Реал

Флорентино Перес смета дека Русинот го преферирал ПСЖ пред Реал

Потпретседателот на Монако, Вадим Василев, за време на Суперкупот во Талин изјави дека постојано добива обвинување од првиот човек на Реал, Флорентино Перес, дека е најзаслужен што Килијан Мбапе лани стана член на ПСЖ, а не на мадридскиот клуб.
„Ние и Реал сме пријателски клубови, но секогаш кога ќе се сретнам со Флорентино Перес, тој ме обвинува дека јас сум виновен што не му го продадовме Мбапе“, изјави Русинот Василев. 
Реал Мадрид и сега има недостаток на квалитетни напаѓачи, летово од играчи кои играат напред донесен е само младиот Винисиус, но ќе имаат проблем да го покријат заминувањето на Кристијано Роналдо, човекот кој на 419 меча за Реал, даде 424 гола. Се шпекулираше дека и ова лето, Кралскиот клуб ќе се обиде да го донесе Мбапе, но клубот негираше. 
По поразот од Атлетико, во редовите на Реал се засили притисокот да се купат фудбалери на неколку позиции (еден централен дефанзивец, еден напаѓач и замена за Каземиро во средниот ред), иако претседателот Перес не е многу заинтересиран за трошење пари. 

 

Најнови вести