Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2017

Челзи без Мората, Луиз сè уште не закрепнал

Алваро Мората, напаѓачот на Челзи, нема да биде подготвен за натпреварот со Хадерсфилд во Премиер лигата, изјави менаџерот Антонио Конте.

Шпанскиот центарфор почувствувал болка во грбот по поразот од Вест хем, па не успеал да закрепне за дуелот со моментно 12-тата екипа на табелата.
„Мората е надвор од конкуренција. Малку е изморен и има проблеми со грбот“, изјави Конте.
Освен него, во тимот нема да биде ниту Давид Луиз, кој сè уште не закрепнал од повредата на коленото, додека во екипата се враќа Дени Дринквотер.
„Тренира со нас, но сигурно е дека по три-четири дена со висока температура, неговата физичка подготвеност не е на највисоко ниво“, додаде Конте.
Челзи вечерва, од 21 часот ќе гостува кај Хадерсфилд во натпреварот од 17-тото коло.

Најнови вести