Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2018

„Росонерите“ сакаат да го разменат Силва за Фалкао

Фудбалскиот клуб Милан сака летово да направи трампа со Монако во која Андре Силва би завршил во Кнежевството, а Радамел Фалкао во Милано, пренесува „Тутоспорт“.

Олеснителна околност претставува тоа што и на двајцата играчи менаџер им е Хорхе Мендеш, кој би помогнал овој трансфер да се реализира што побрзо.
Според пишувањата на медиумите во Италија, Андре Силва не е во плановите на Милан, иако „росонерите“ минатото лето го доведоа за 38 милиони евра.
За него веќе е заинтересиран новиот премиерлигаш Вулверхемптон, меѓутоа младиот Португалец повеќе би сакал кариерата да ја продолжи во некој од попознатите клубови.
Тоа би можело да биде Монако, кој за возврат би го дал Фалкао, кој на 35 натпревари оваа сезона постигна 24 гола.
Фалкао само што наполни 32 години и доколку го одминат повредите, пред себе има уште две-три врвни сезони.

 

Најнови вести