Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
16.4.2018

Демонстрација на сила – ПСЖ со 7-1 му ја одзеде титулата на Монако!

Фудбалерите на ПСЖ почувствуваа дека Монако им останал должен поради титулата во минатата сезона, па во оваа му се одмаздија.

„Светците“ го демолираа најголемиот ривал дури со 7-1 (4-1) во дербито на француската Лига 1 и на хартија во 33-тото коло.
Парижаните ги понижија „кнезовите“ во рок од 12 минути со четири гола, во периодот од 15-тата до 27-мата. Двократен стрелец во таа серија беше Џовани Ло Селсо, а по еден гол дадоа Единсон Кавани и Анхел ди Марија.
Десетина минути подоцна, Рони Лопес намали на 4-1, а ПСЖ го досреди шампионот со новиот гол на Ди Марија, па со автоголот на Фалкао и со погодокот на Јулијан Дракслер во завршницата.
ПСЖ со тоа ја потврди неговата надмоќ во Франција бидејќи на пет кола пред крајот има недостижни 17 бодови предност над Монако.
Шампионската вечер во Париз ја пропушти Нејмар да Силва, 222 милиони евра платениот Бразилец кој закрепнува од повреда.
„Кнезовите“ ќе мора брзо да закрепнат од овој нокаут бидејќи веднаш зад нив се Олимпик Лион и Марсеј, коишто имаат по четири бода помалку, а многу би сакале директно да се пласираат во Лигата на шампионите.
Монако последен пат доживеал пораз со шест гола разлика пред девет години, пред ПСЖ воопшто да биде основан.
Марсеј вчера, по доста маки, го совлада Троа со 3-2, по големиот пресврт на гостувањето во последните 15 минути.

 

Најнови вести