Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2017

„Граѓаните“ се помачија за 12-та победа во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер сити го победија Хадерсфилд во гости со 2-1, во натпреварот од 13-тото коло на Премиер лигата.

Иако домаќините во првото полувреме не упатија ниту еден удар кон голот, на одмор заминаа со предност од еден гол.
По центаршутот од корнерот од десната страна, топката го погоди Отаменди, кој постигна автогол во последните моменти од првото полувреме.
Веднаш на почетокот на второто полувреме од натпреварот, „граѓаните“ изедначија од пенал. По стартот над Рахим Стерлинг во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка, а прецизен од пеналот беше Серхио Агуеро.
Хадерсфилд успеваше да ги одбрани нападите на гостите сè до 84-тата минута, кога Рахим Стерлинг го постави конечниот резултат и го реши прашањето на победникот на овој натпревар.
Избраниците на Пеп Гвардиола продолжија со одличните партии во англискиот шампионат и ја постигнаа 12-тата победа.
Манчестер сити е прв на табелата со 37 освоени бода, додека Хадерсфилд со 15 се наоѓа на 11-тото место.

Најнови вести