Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2017

Арсенал без Лаказет ќе го дочека Јунајтед

Александр Лаказет, фудбалерот на Арсенал, ќе го пропушти саботното дерби со Манчестер јунајтед бидејќи во дуелот со Хадерсфилд доживеа повреда на препоните.

„Топчиите“ во дуелот со Хадерсфилд славеа со 5-0, а Лаказет го доведе лондонскиот клуб во рано водство, но на полувремето го замени Оливие Жиру, кој потоа постигна два гола.
„Лаказет има проблеми со препоните и сигурно ќе го пропушти саботниот натпревар“, изјави Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал.
Францускиот фудбалер минатото лето од Олимпик Лион направи рекорден трансфер во Арсенал. Во досегашниот дел на сезоната, Лаказет играше на сите 14 натпревари во Премиер лигата и постигна седум погодоци.
Пред средбата со Јунајтед, Арсенал го држи четвртото место на табелата со 12 бодови помалку од водечкиот Манчестер сити, а со четири од „црвените ѓаволи“. Големото дерби на 15-тото коло се игра во сабота, од 18.30 часот во Лондон.

Најнови вести