Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2015

Томас Шаф разочаран си замина од Ајнтрахт

Томас Шаф, тренерот на Ајнтрахт од Франкфурт, поднесе оставка и за неговото заминување само по една сезона ја обвини управата на клубот.

Шаф изјави дека не може да прифати неверојатни и несфатливи обвинувања и инсинуации од страна на челниците на клубот за него и за неговата работа и дека немал избор.
Неговиот договор со Ајнтрахт истекуваше следната сезона.
Клубот од Франкфурт сезоната во Бундеслигата ја заврши на деветтото место.
Германските медиуми наведоа дека Шаф изгубил доверба во поголемиот дел од управата на клубот поради недостаток од комуникација.
Единствено Хериберт Брухаген, извршниот директор на Ајнтрахт, јавно го поддржа Шаф и изјави дека жали што си заминува од клубот.
Шаф е втор тренер во Бундеслигата што поднесе оставка на крајот на сезоната по Роберто ди Матео од Шалке.

Најнови вести