Корисничко име Лозинка Пријави се
29.4.2013

Арнаутовиќ и Елија суспендирани до крајот на сезоната

Во редовите на германскиот фудбалски бундеслигаш Вердер Бремен се суспендирани Марко Арнаутовиќ и Елјеро Елија до крајот на сезоната.

Двајцата се запрени од страна на полицијата во три часот наутро минатиот петок на патот А1 кај Оснабрик. Причина е пребрзото возење на Арнаутовиќ.
„Длабоко сме разочарани. Потребни ни се играчи кои се сто отсто професионалци и кои се посветени на Вердер. Оној кој два дена пред важен натпревар (против Баерн Минхен) е запрен во три часот во ноќта, очигледно не е таков“, изјави генералниот менаџер Томас Ајхин.
Во петокот Вердер ги суспендираше двајцата привремено, а денес, по меѓусебниот состанок на фудбалерите со управата и тренерот Томас Шаф, им е одредена суспензија до крајот на сезоната. Играчите ќе продолжат со тренинзи до крајот на сезоната, но одделно од екипата.
Вердер на три кола пред крајот на бундеслигашката табела се наоѓа во тешка позиција на 14-тото место, само два бода над 16-топласираниот Аугсбург и зоната за испаѓање.

Најнови вести