Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2018

Лајпциг веќе не е најомразен клуб во Германија

Баерн Минхен е најмалку симпатичен прволигаш или второлигаш кај германските фанови, а најмалку го мразат Фрајбург.

Првакот Баерн Минхен е најомразен клуб во Германија, според студијата која ја направија од Универзитетот Брауншвајг, а беше објавена во весникот „Билд“. Иако баварскиот гигант веројатно е и клубот со најмногу навивачи, сите што не навиваат за Баерн, го мразат. 

Но, интересно е што Баерн не беше на чело на најнепопуларните германски клубови во претходните анкети. Тогаш врвот го држеше Лајпциг. Сега Лајпциг е на второ место, па затоа во клубот и немаат премногу причини за задоволство. 

Анкетата одреди кои клубови на Германците им се најсимпатични, а кои најантипатични. Првото место по „симпатичност“ го држи Фрајбург, пред Холштајн Кил, Сандхаузен, Регенсбург и Сент Паули. Од поголемите клубови, добро стои Борусија Дортмунд, која е на 15-тото место од 36 клуба.  

Најдолу на листата, како најомразени клубови се Баерн, Лајпциг, Динамо Дрезден, Шалке 04 и Хамбургер. Два од овие клубови (Лајпциг и Динамо) се од Источна Германија и не се омилени, иако Динамо во моментов е и второлигаш. 

 

Најнови вести