Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

„Бомба“ од Шпанија: Артуро Видал во Барселона за 30 милиони евра

Чилеанецот би можел да го комплетира трансферот во следните 48 часа

Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Артуро Видал, се наоѓа пред преселба во редовите на шпанскиот шампион Барселона. Според шпанските медиуми, цената на трансферот ќе изнесува 30 милиони евра, а додека претставниците на каталонскиот гигант и агентот на Видал ги договараат условите за договорот, Чилеанецот би можел да ги комплетира медицинските прегледи најдоцна до утре.

Иднината на 31-годишниот Видал како и неговата позиција во стартниот состав беше ставена под знак прашалник откако Баерн го засили ростерот со Леон Горецка ова лето, па со ангажманот на германскиот репрезентативец се зголеми и конкуренцијата во тимот. 

Барселона и тоа како ја искористи оваа ситуација и без поголеми пречки стигнаа до вербална согласност. Видал треба да ја пополни празнината која ја создаде Паулињо при враќањето во Кина, додека Барселона несомнено добива играч од светска класа кој и тоа како ќе помогне кон ловот на нови титули во Шпанија и Европа.

Најнови вести