Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2018

Шпанските власти безмилосни – и Џејмс мора да плати 11,6 милиони

Џејмс Родригес, играчот на Баерн од Минхен, мора да плати 11,6 милиони евра поради затајување данок во Шпанија во времето кога играше за Реал од Мадрид.

Весникот „Мундо Депортиво“ пишува дека Колумбиецот не ја пријавил заработката од правата на имиџот веднаш по потпишувањето на договорот со Реал во трансферот вреден 80 милиони евра од Монако во 2014 година.
Родригес заработил 12 милиони евра и парите ги пријавил како заработка надвор од Шпанија, односно платил помал данок, но шпанските власти сметаат дека тогаш живеел во земјата.
Поради тоа му следува казна, слична на онаа која не успеаја да избегнат ниту останатите фудбалски ѕвезди, како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Алексис Санчес, Радамел Фалкао и други.
Родригес летото 2017 година дојде на двегодишен заем во Баерн од Реал, со право за откуп на договорот.

Најнови вести