Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2018

Баерн доведе млад канадски играч во рекорден трансфер на МЛС

Фудбалскиот клуб Баерн од Минхен го доведе 17-годишниот Канаѓанец Алфонсо Дејвис од Ванкувер вајткапс за 13 милиони долари, што е рекорден трансфер платен за еден играч од американската МЛС.

Како што пренесе Би-би-си, Дејвис потпишал петгодишен договор, а трансферот би можело да достигне и до 22 милиони долари. Тој во јануари следната година ќе дојде во Баерн, по завршувањето на сезоната во МЛС-лигата.
„Како мал сонував за овој момент. Сега соништата ми се остварија, а ќе продолжам да работам како и секогаш“, изјави Дејвис.
Дејвис е роден во 2000 година во бегалски камп во Гана, каде што неговите родители пребегале поради војната во Либерија. Кога имал пет години, неговото семејство се преселило во Канада.
На 14-годишна возраст дошол во младата селекција на Вајткапс, а во 2016 година дебитирал за првиот тим. Државјанин на Канада станал во јуни 2017 година,а не многу долго потоа, на 16 години, станал најмлад фудбалер кој настапил за државниот тим.
Претходно рекордниот трансфер на еден играч на МЛС беше 11,6 милиони долари, колку што му плати шпанскиот Вилјареал на Њујорк ред булс за напаѓачот Жози Алтидор во јуни 2018 година.

Најнови вести