Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Меч на денот: Баерн Минхен сака освета против Штутгарт за дебаклот од ланската сезона

Штутгарт го понижи Баерн со 4-1 во последното коло од минатата сезона на „Алијанц“ арена

Актуелниот бранител на тронот во Германија, тимот на Баерн Минхен е пред тешко гостување кај Штутгарт, во мечот од второто коло во Бундес лигата. „Баварците“ ќе сакаат да се реваншираат за срамниот пораз од ланската сезона, кога пред своја публика примија дури четири погодоци од Штутгарт, но фактот дека трката за титулата веќе беше решена доаѓа како оправдание за тоа понижување.

Меѓутоа, Баерн сигурно нема им прости на „швабите“, тренерот Нико Ковач цели на сигурна победа. Коман не е во можност да настапи, но затоа останатите играчи се подготвени да продолжат онаму каде што застанаа против Хофенјам, на три погодоци.
Предводникот на денешниот домаќин, Коркут Тајфун нема да смета на Јан Климент и најверојатно Александар Мејер, додека Марио Гомез ќе биде дополнително мотивиран за доабр настап против својот некогашен тим.

Како еден од најиграните типови за денес, ви нудиме квота од 1.32 за „двојка“ во корист на Баерн, висока 8.75 квота за евентуална победа на Штутгарт, додека за реми квотата е 5.30. 

Најнови вести