Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Куадрадо на радарот на Баерн Минхен

Ковач во потрага по крилен играч, мора да се најде замена за повредениот Коман

Баерн Минхен, сепак, ќе тргне во потрага по нов крилен играч откако Кингсли Коман се повреди и ќе биде надвор од терените дури до ноември. На радарот на „баварците“ е Хуан Куадрадо, крилото на Јувентус, кој може да си замине од Торино доколку Баерн исплати сума од 25 милиони евра.

Колумбиецот од почетокот на оваа сезона е во втор план кај Алегри, пред него шанса добиваат Бернардески и Коста, додека Куадрадо во двата натпревари во Серија А одигра вкупно 55 минути. Германскиот шампион засега има само три опции на крилните позиции, искусните Робен и Рибери, како и Гнабри, но Ковач сака уште еден играч со цел да се зголеми конкуренцијата и да има „бекап“ план во случај на нови незгоди.

 

Најнови вести