Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2018

Јувентус тргна во трка по Тимо Вернер, ќе помагаат Хедира и Џан

Раководството на Јувентус ќе се обиде да го ангажира германскиот репрезентативец Тимо Вернер веќе во зимскиот период, а „стара дама“ има и одлична логистика во трката за 22-годишниот напаѓач

Јувентус ќе се подмладува во следниот период, целта на раководството на шампионот е да се ангажираат помлади фудбалери, а една од целите е ангажман на Тимо  Вернер. 
Германскиот репрезентативец и член на Лајпциг има само 22 години и во Јувентус сметаат дека е вистинската опција за освежување во нападот. Вернер досега има одиграно 160 натпревари во Бундеслигата и постигна 47 гола, што е одличен ефект. 
Во процесот за ангажман на шпицот на Лајпциг, Јувентус има одлична логистика во своите редови, а задача да помогнат во трансферот на Вернер од Лајпциг во Торино ќе имаат Сами Хедира и Емре Џан. И двајцата се репрезентативци на Германија, кои одлично го познаваат 22-годишниот соиграч од редовите на популарниот „елф“.

 

Најнови вести