Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.9.2018

И казнети и среќни – Киево остана без три бода и 200 илјади евра

Италијанскиот калчолигаш Киево е казнет со одземање три бода и со парична глоба од 200.000 евра.

Киево остана без три бода по одлуката на италијанскиот суд да го казни калчолигашот од Верона поради малверзации на раководството.
И покрај казната, која е надополнета и со парична глоба од 200 илјади евра, во Киево можат да бидат среќни.
Првично, Обвинителството бараше многу подрастична казна и минусирање на 15 бодови во тековното првенство.
Претседателот на популарните „lетечки магариња“, Лука Кампедели, е казнет со тримесечна суспензија.
Раководството на Киево е фатено во сериозни финансиски малверзации со лажно зголемување на цените на играчите.
Кампедели во соработка со дел од раководството на Чезена разменувале фудбалери по цена многу повисока од реалната, а клубот направил ќар од 25 милиони евра.

Најнови вести