Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Јувентус го брани врвот со победи, во дербито триумф против Парма

Јувентус забележа нова победа, трета во Серија А, а вечерва се обнови старото ривалство со Парма. „Старата дама“ славеше со 2:1 на гостински терен

Марио Манџукиќ и Блејз Матуиди со по еден погодок му донесоа нова победа на актуелниот италијански првак Јувентус против Парма. Старото ривалство меѓу двата клуба се обнови вечерва и по цели три години Парма и Јуве играа првенствен меч. Гостите од Торино славеа со 2:1, а Парма беше достоен ривал.
Манџукиќ со гол во втората минута им донесе предност на гостите, но Жервињо израмни на 1:1 во 33. минута. Клучниот момент што го одлучи мечот се случи во 58. минута, кога Матуиди погоди, доволно за победа на фаворитот.
Парма по долг период се врати во Серија А, а стартот во Калчото им е скромен. Имаат само еден бод, со реми и два порази по трите стартни кола во Италија. Јувентус е лидер на табелата со максимален учинок.

 

Најнови вести