Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Официјално: Јувентус го „врза“ Пјаниќ до 2023 година

Босанецот им одолеа на понудите од Барса, Реал, ПСЖ, Сити и сега е четврти најплатен играч во Серија А

Фудбалерот за врска на Јувентус, Миралем Пјаниќ, официјално ја продолжи соработката со клубот до 2023 година. Босанецот ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона, што го прави четврти најплатен фудбалер во италијанскиот шампионат, веднаш зад Дибала, Игуаин и Роналдо.

„Старата дама“ цело лето одбиваше понуди за Пјаниќ, прво од Реал Мадрид и Сити, а потоа и од Барселона и ПСЖ, додека највисоката сума која ја одбија достигна 100 милиони евра. Сепак, фудбалерот кој пред две години пристигна од редовите на Рома одлучи да остане верен на италијанскиот првак.

Најнови вести