Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Меч на денот: Ново коло, ново дерби за Милан – Може ли и Рома да биде кобна за „росонерите“?

Фудбалерите на Гатузо пред нов тежок предизвик, римјаните мотивирани да го поправат впечатокот по ремито со Аталанта

Милан и Рома вечерва го отвораат третото коло во Серија А, големото дерби ќе се игра на „Сан Сиро“ во 20.30 часот. И двете екипи посакуваат три бода од оваа пресметка откако во претходните лигашки натпревари не одиграа според очекуњата.
Милан имаше навидум сигурни 0-2 на гости кај Наполи, пред фудбалерите на Карло Анчелоти да направат чудесен подвиг и да обезбедат победа од 3-2. Рома, исто така, имаше тешка пресметка против Аталанта, „волчицата“ пред своја публика спасуваше бод откако се најде во негатива од 1-3.

За некого изненадување, за некого не, но Рома има доста причини да верува дека може до три бода, бидејќи на последните три гостувања на „Сан Сиро“ Рома има забележано три победи: 0-2, 1-4 и 1-3 се резултатите со кои „волчицата“ си заминувала од Милано со целиот „плен“. Едно е сигурно, фудбалерите на двете екипи нема да разочараат, бидејќи традиција е на овие пресметки да има најмалку два гола, што е убава вест за обложувачите.

Што се однесува за играчите, можно е да се појават неколку нови имиња на теренот и кај двете екипи. Иако Мусакио играше против Наполи, Гатузо може сега шанса да му даде на Калдара, новото засилување од Јувентус. Под знак прашалник е настапот на Флоренци поради ситна повреда, што значи дека Карсдорп конечно би добил шанса да заигра за Рома, откако закрепнуваше од повреда цела ланска сезона.

Во нашата понуда за денес, Милан е минимален фаворит според квотата од 2.40 за „кец“, за мечот да заврши во корист на Рома, квотата е 2.85, за евентуално реми е 3.35, додека за оние кои преферираат типување на голови, ви нудиме квота од 1.85 за 3+.

Најнови вести