Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

И Интер тргна со победи, рутински победена Болоња

Конечно и еден од фаворитити за титулата во Серија А, Интер забележа победа, во третото коло со 3:0 против Болоња

Со голови во второто полувреме Интер ја забележа првата победа во новата сезона во Калчото и со 3:0 на гостински терен ја надигра Болоња.
Отпорот на домаќините со погодок во 67. минута го начна Раџа Наинголан, продолжи Антонио Кандрева за 0:2, а заврши Иван Перишиќ за сефте триумф на Интер. По поразот од Сасуоло и ремито со Торино, „Нероаѕурите“ конечно успеаја да прокнижат три бода и имаат 4 бода. Болоња е со само еден бод и без постигнат гол по првите три кола.

 

Најнови вести