Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Парите воопшто не се важни за Де Роси: Ќе заработува двојно помалку само да игра за Рома

Ветеранот на „римската волчица“ без размислување се согласи да игра за помала плата, сака да се пензионира во Рома

Даниеле де Роси, фудбалерот на Рома, се согласи да ја продолжи соработката со клубот до 2020 година. Италијанецот притоа се согласи на скратување на заработката, од три милиони евра годишно на 1,5 милиони евра, со цел да остане на „Олимпико“ до крајот на неговата кариера.  

„Желба му е да остане до крајот на кариерата тука. Се согласи и на помала плата само за да остане верен на овој клуб. Воопшто не беше тешко да преговараме, но, неговата желба мораше да биде исполнета“, велат челниците на Рома.

Триесет и петгодишниот Роси цел свој живот игра за екипата од Рим. Досега настапил на 594 натпревари, на кои постигнал 61 погодок за Рома.

Најнови вести