Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Италијанците тврдат: Икарди потпишал нов договор со Интер – Клаузула: 160 милиони евра!

Фудбалските медиуми од Апенините тврдат дека голгетерот на Интер ставил потпис на нов договор со клубот, иако „нероаѕурите“ се уште немаат соопштено

Мауро Икарди и натаму останува верен на Интер, барем така тврдат италијанските медиуми. Наводно, Аргентинецот веќе потпишал нов договор со клубот, а се знаат и цифрите кои ќе ги заработува. Новата годишна плата изнесува осум милиони евра, додека клаузулата, вртоглави 160 милиони евра.

Со новиот договор Икарди би се задржал на „Џузепе Меаца“ до 2023 година. Сепак, официјална потврда од таборот на „нероаѕурите“ се уште нема, па италијанските медиуми бараат објаснување зошто е тоа така. Како и да е, со овој договор јасно е дека отпаѓа можната преселба на Икарди во редовите на Реал Мадрид, како што беше најавувано за ова лето.


 

Најнови вести