Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Кутроне во последните секунди му донесе победа на Милан против Рома

Италијанското дерби од третото коло меѓу Милан и Рома заврши со победа на миланезите од 2:1, а меч винер беше Патрик Кутроне со гол во последните секунди од судиското продолжение

Патрик Кутроне е јунак на дербито меѓу Милан и Рома, а со неговиот гол во петтата минута од судиското продолжение, домаќините во Милано ја совладаа „римската волчица“ со 2:1.
Покрај трите гола имаше и два поништени, правилно, откако ВАР технологијата покажа дека има офсајд при поништениот гол на Милан, што го постигна Гонзало Игуаин, а потоа и при играњето со рака на Стивен Нзонзи од Рома.
Милан поведе со голот на Кеси во првото полувреме, Фацио погоди за Рома за израмнување во второто полувреме, а Кутроне беше побрз од судијата и од последниот свиреж за крај на дербито и постигна гол за делируиум од радост на Сан Сиро.
За Милан ова беше втор меч во новото издание на Калчото и прва победа, а Рома има по една победа, реми и пораз. Мечот меѓу Џенова и Милан во првото коло беше одложен поради трагедијата во Џенова и во чест на над 40 жртви по уривањето на мост во градот.

 

Најнови вести