Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Во Милано се запали алармот, засилувањето Стриниќ ќе паузира поради срцеви проблеми

Хрватскиот репрезентативец Иван Стриниќ привремено ќе паузира и нема да игра фудбал, поради проблеми со срцето, објавија од фудбалскиот клуб Милан

Бекот на хрватската репрезентација, Иван Стриниќ нема да игра фудбал одереден период поради хипертрофија на срцевиот мускул. На лекарските прегледи е дијагностицирано проширувањето на срцевиот мускул, а од раководството на Милан велат дека здравјето на фудбалерот е поважно од се, па Стриниќ ќе одмора одредено време. 
„На рутински преглед кој е обврзувачки за сите фудбалери е откриена аномалија со срцевиот мускул кај Иван. До подетални прегледи тој ќе мора да паузира“, стои на клупскиот сајт на Милан. 
Хрватскиот репрезентативец пристигна во редовите на повеќекратниот италијански првак ова лето, откако со „коцкестите“ имаше прекрасна авантура на Мундијалот во Русија и го освои среброто.

 

Најнови вести