Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Чуден термин за дербито Јувентус - Интер

Јуве и Интер ќе играат на седми декември, а тоа не е ниту сабота, ниту недела

Серија А објави неколку важни термини за одигрување на натпревари од најквалитетното првенство во Италија, а најинтересно е што дербито од 16-тото коло помеѓу Јувентус и Интер ќе се игра на седми декември. Седмиот ден од декември се паѓа во петок, па тифозите ќе треба во еден невообичаен ден да гледаат пресметка на двата гиганти на италијанскиот клупски фудбал. 
Прво големо дерби кое доаѓа е римската пресметка меѓу Рома и Лацио. Тој дуел е закажан за 29-ти септември, сабота, во 15 часот. Тој ден, но од 18 часот, Јувентус го пречекува Наполи. 
Во деветтото коло е миланското дерби Интер - Милан, на 21-ви октомври во 20.30 часот. Џенова и Сампдорија во 13-тото коло ќе играат во неделниот вечерен термин, а последното градско дерби во оваа календарска година, Торино – Јуве, е на 15-ти декември, сабота.  
Наредните средби од Серија А се викендот од 15-ти до 17-ти септември. Најинтересен меч треба да биде Наполи – Фиорентина. 

 

Најнови вести