Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.8.2018

Видал: Барса е многу поголема од Баерн!

Чилеанецот веднаш почна да им се додворува на фановите на неговиот нов клуб

Чилеанецот Артуро Видал, при претставувањето како нов член на Барселона, изјави дека е среќен што потпишал за „најдобриот тим на светот“, но додаде дека не се во право тие што сметаат оти Видал го мрази Реал Мадрид. 
„Не сум антимадридист. Ривали ми се сите противнички екипи, немам личен ривал“ – изјави Видал. 
„Дојдов да дадам енергија и со цело срце да му помогнам на тимот освојувам трофеи во наредните три сезони. Барселона е голема скала погоре во однос на Баерн, за мене е најдобриот тим на светот. Да се игра со Меси е прекрасно, тој е најдобар во историјата. Кога мојот агент ми кажа дека Барселона е заинтересирана, немав дилема. Кој не сака да биде во најдобриот тим на светот? Сега не е момент да се зборува дали сум најдобриот чилеански фудбалер на сите времиња, кога ќе ја завршам кариерата, тогаш може да се отвори оваа тема“ – додаде Видал.

 

 

Најнови вести