Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2018

Ковач претставен во Баерн Минхен: Го сакам Ребиќ

Нико Ковач официјално беше претставен како нов тренер на Баерн Минхен, а веќе го одработи и првиот тренинг со новата екипа.

„Сакам да се заблагодарам на оваа единствена шанса да бидам тренер на голем клуб како што е Баерн. Сакам да продолжам со одличните резултати во овој клуб. Благодарам уште еднаш. Ова е голем предизвик за мене, но од приватен аспект, голем и одличен чекор за мене“, изјави хрватскиот стручњак.
Ковач веднаш напомена дека би сакал во својот нов тим да го има и фудбалерот кој тој го „направи“, Анте Ребиќ.
„Ребиќ многу добро би се вклопил. Одличен играч е, мило ми е што игра одлично на Мундијалот. Секако би ни бил многу корисен“, додаде новиот тренер на баварскиот гигант.
Покрај Нико Ковач беше претставено и старо-новото засилување Серж Гнабри.

 

Најнови вести